Гостинско предавање за иднината на работните места, технологијата и вештачката интелегенција со извршниот директор на Стопанската комора на РСМ

Економски факултет – Скопје негува долгогодишна и плодна соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, партнерство кое има огромно значење за поврзување на академското знаење со реалните потреби на бизнис секторот. Токму во духот на оваа соработка, г-дин Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија, одржа гостинско предавање пред студентите.

Предавањето се одржа на 16.12.2025 година и беше реализирано во рамки на предметите Стратегиски менаџмент и Меѓународен менаџмент кај проф. д-р Љубомир Дракулевски, како и со студентите од групата по предметот Основи на менаџмент кај проф. д-р Леонид Наков во Амфитеатар 2.

Предавањето претставуваше одлична можност студентите одблиску да добијат практични сознанија за актуелни теми како што се иднината на работните места, влијанието на технологијата и вештачката интелигенција, како и можностите и предизвиците во современото бизнис окружување во македонски контекст, но и пошироко, благодарејќи на долгогодишното искуство на г-дин Пешев.

Изразуваме искрена благодарност до г-дин Пешев за одвоеното време, инспиративното излагање и споделените искуства. Соработката помеѓу Економски факултет – Скопје и Стопанската комора на Северна Македонија продолжува, со заедничка заложба за унапредување на практичната настава, развој на вештините кај студентите и јакнење на врската меѓу високото образование и бизнис заедницата.

Следно известување