Европска унија знамиња

Конкурс за избор на најдобро видео на тема: „Северна Македонија на патот кон Европската унија: очекувања, реалност и лична перспектива на младите“

К О Н К У Р С
за избор на најдобро видео на тема:
„Северна Македонија на патот кон Европската унија: очекувања, реалност и лична перспектива на младите“

Целта на овој конкурс е да се поттикне критичко размислување, информирано изразување и креативен пристап на младите во однос на процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон Европската унија, преку нивна лична перспектива, искуства и очекувања.

Право на учество:

Право на учество на Конкурсот имаат студентите на прв и втор циклус на студии на Економски факултет – Скопје. Видеата се изработуваат индивидуално, односно еден студент има право да изработи едно видео без право на ко-авторство.

Технички формат на видеото:

Не постојат ограничувања во однос на техничкиот формат на видеото. Дозволени и поддржани се сите вообичаени видео-екстензии (.MP4, .MOV, .AVI, .WMV и слично).

Препорачана должина на видеото е околу 5 минути (± 5 минути).

Се дозволува и охрабрува целосна слобода во замислата и креативниот пристап на учесниците. Видеото може да биде реализирано во различни форми, како што се: интервју, говор, наративно видео, краток документарен прилог, презентација со визуелни елементи (слајдови, графици, илустрации), дебата или дијалог, видео-есеј, симулација на реална ситуација (case study), како и комбинација од повеќе формати.

Видеото мора да претставува оригинално авторско дело, креирано од учесникот, и да биде јавно прикажано за прв пат во рамки на овој конкурс.

Следно известување

Претходно известување